Организацискиот комитет на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз 2024 го усвои проектот за церемонијата на свеченото отворање, која за прв пат во историјата на олимпизмот нема да се одржи на стадион, туку на реката Сена во самиот центар на француската престолнина.

Организаторите најавија дека земјите – учеснички ќе продефилираат на свеченото отворање со околу 200 бродови, а поворката ќе плови по Сена во должина од околу шест километри.

Завршната церемонија ќе се одржи на плоштадот Трокадеро.

За присутните на церемонијата крај реката Сена ќе бидат поставени монтажни трибини и гледачите ќе мораат да платат влезници, додека на Трокадеро публиката ќе има бесплатен пристап до церемонијата.

Поради опасност од можни терористички напади, како што јавија локалните медиуми, француските власти надлежни за безбедноста сакаат да го ограничат бројот на гледачи на 250.000 луѓе, додека организаторите и локалната власт во Париз целат кон церемонија од отворен тип за околу два милиони гледачи.