Јапонската тенисерка Наоми Осака е најплатена спортистка во светот, според листата што денеска ја објави магазинот „Форбс“.

Четирикатната грен-слем победничка, која помогна во подигнувањето на свеста за проблемите со менталното здравје во светот на спортот, минатата година заработила 57.3 милиони долари.

На второ место е американската тенисерка Серена Вилијамс, која лани инкасирала 45.9 милиони долари, додека трета е нејзината сестра Венус Вилијамс со заработка од 11.3 милиони долари.

Меѓу Топ 10 најплатени спортистки во 2021 година се најдоа вкупно пет тенисерки.

Десетте најдобри спортистки, според податоците на „Форбс“ во годината што измина заработиле вкупно 167 милиони долари, што е зголемување за 23 отсто во однос на 2020 година.

ТОП 10:

Наоми Осака (Јапонија-тенис 57 милиони долари
Серена Вилијамс (САД – тенис) 45.9
Венус Вилијамс (САД – тенис) 11.3
Симон Бејлс (САД-гимнастика) 10.1
Гарбине Мугуруза (Шпанија-тенис) – 8.8
Јин Јонг Ко (Јужна Кореја – голф) – 7.5
П. В Синдху (Индија – бадминтон) 7.2
Ешли Барти (Австралија – тенис) – 6.9
Нели Корда (САД – голф) 5.9
Кендес Паркер (САД – кошарка) – 5.7.