Има хороскопски парови на кои не им е судено или парови чии карактери не се согласуваат толку многу, што раскинувањето им е загарантирано па колку и многу да се сакаат. Но, има парови на кои ѕвездите им предвидуваат вечна љубов, погрижете се и вие да сте меѓу нив!

Овен и Риби

Овните се цврсти, мотивирани, амбициозни, а Рибите се сложени, чувствителни и интуитивни. Тие буквално го надополнуваат она што им недостига на другите. Овенот е карпа за Рибите, а Рибите се безбедно засолниште за Овенот.

Лав и Вага

Љубезните и отворени Ваги одлично се согласуваат со Лавовите кои се бистри, дружељубиви и сакаат внимание. Ова е пар на кој целото општество му се восхитува! Имаат многу теми за разговор и прекрасно се сложуваат, можеби никогаш во животот нема да се скараат!

Стрелец и Близнаци

И двата лика обожаваат авантура и слобода, а токму тоа ги спојува. Иако би помислиле дека желбата за слобода ќе ги вовлече во „препукување“, кога Стрелецот и Близнаците ќе се најдат, секоја нивна авантура станува вообичаена. Тие се пар кој ќе го видите како и во длабока старост прават нешто забавно на нивната старост и ќе мислите дека сакате да бидете како нив!

Бик и Девица

Наједноставните знаци на зодијакот одлично се согласуваат бидејќи нивните потреби и вредности се исти. Биковите се топли, Девиците сакаат контрола, но кога ќе се заљубат, подготвени се да направат најмногу компромиси од сите хороскопски знаци! Нивната врска е хармонична, а љубовта и лојалноста се длабоки.

Риби и Рак

Двата најемотивни знаци едноставно цветаат од љубов, тоа е нивната духовна храна. А кога ќе се пронајдат, би направиле се еден за друг бидејќи конечно нашле сродна душа. Многу е можно Рибите и Ракот да сфатат дека се еден за друг додека се уште се многу млади и да останат заедно цел живот.