Германецот Александер Зверев и Американецот Френсис Тијафо ќе играат во утрешното финале на АТП турнирот во Виена.

Зверев, кој претходно оваа недела ја запиша својата 300. победа во кариерата, обезбеди петто АТП финале оваа сезона со триумфот над Шпанецот Карлос Алкараз со 6-3, 6-3 за 68 минути игра.

Негов противник во финалето ќе биде 49. рангираниот на АTП листата Тијафо, кој со 2-1 во сетови (3-6, 7-5, 6-2) беше поуспешен од Италијанецот Јаник Синер.