„Кој сее глад, ќе жнее бунт“, беше еден од транспарентите на демонстрантите кои 5-ти ден ппо ред протестираат во Албанија. Во Тирана, демонстранти седеа со скрстени нозе изразуавјчи отпор на полицијата  форма на отпор на обидот на полицијата да ги оттргне. Демонстрантите бараа да им се дозволи да живеат достоинствено.

Имуни на ситуацијата создадена од поскапувањето не беа ниту децата, кои иако можеби не ја разбираат добро ситуацијата, го пренесуваат она што го слушаат од возрасните. Мало девојче го зеде микрофонот обраќајќи им се на демонстрантите и навредувајќи го премиерот Еди Рама.

„ Немаме пари како што имате вие. Вие ги крадете нашите даноци. Намалете ги цените и зголемете ги платите. Денеска ми беше роденден и дојдов да протестирам поради поскапувањето бидејќи никој од нас не може да го издржи ова.. Ова не е фер. Ти правиш само корупција! Рама замини си, брзо ослободи си ја државата!“

Демонстрантите во другите градови, меѓу кои и во Кукс, мирно бараа да им се дозволи да живеат достоинствено и да не страдаат за основните услови.

„Бараме да живееме, да имаме можност да живееме достоинствено во нашата земја, во нашиот дом. Буџетот на државата има пари, ама  погрешно се менаџира државниот буџет. Размисли, господине, размисли добро. Парите што им ги даваш на пријателите, во овој момент кога велите дека насекаде има криза, одговорете, извршете ја својата должност, решете ја кризата.

Премиерот Еди Рама не штедеше ниту коментари за демонстрантите.

„Ние не сме тука да ја намалиме нафтата за тие што сакаат да снабдуваат теренски возила  за да ги блокираат патиштата  и да ги држат луѓето блокирани  на пат во ова време на војна. Засрамете се, додека цел свет излегува да протестира и да се солидаризира со оние сироти кои имаат бомби над главите“,рече Еди Рама- премиер на Албанија

Премиерот Рама денеска пред граѓаните појасни дека за сите што користат градски, меѓуградски линии нема да имаат поскапување на билетот. Додаде дека дополнителниот трошок ќе го плати Владата и за тоа ќе бидат дадени 5 милиони долари. Рама рече дека се преговара и со Србија за количеството договорена пченица пред Белград да го блокира извозот. /Алсат.мк

Еви Шкопи