Чешката тенисерка Петра Квитова го освои Мастерсот во Мајами, откако во финалето ја совлада Елена Рибакина. Во моментов 12. на ВТА листата до триумфот на Флорида стигна со резултат 7:6, 6:2 по еден час и 42 минути игра.

Advertisements

Посебно драматичен беше првиот сет, кој беше решен по маратонски тај-брејк, во кој тенисерите влегоа по размена на брејкови во финишот. Двете имаа по пет сет-топки, но Квитова беше таа која ја искористи својата и поведе во мечот.

На почетокот на вториот сет, во вториот гем, Квитова и го одзеде сервисот на својата ривалка, а со вториот брејк во овој сет, во осмиот гем, означи крај на мечот. Во вториот сет Квитова за уште еден степен го подогна нивото на подигна својата игра, одигра речиси без грешка. Во вториот сет направи само три неизнудени грешки, а имаше 12 винери,

Квитова на тој начин ја спречи Рибакина да го освои Мајами, по Индијан Велс и да ја комплетира „Саншајн дабл“ турнејата.

Во машкото финале, в недела од 19 часот, се среќаваат Данил Медведев и Јаник Синер.