С. Македонија прогласи за непожелни личности пет руски дипломати. Одлуката на МНР му била соопштена и на рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин. Причините не се соопштуваат, туку само се потенцира кршењето на Виенската конвенција.

„Споменатите вработени во Амбасадата на Руската Федерација извршиле активности што ја прекршуваат Виенската конвенција за дипломатски односи. Руските дипломати во следните пет дена ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија“, изјаваат од  Министерство за надворешни работи

Упативме барање до МНР да дознаеме подетални информации за нивните активности, за периодот кога ги прекршиле законите на земјава и Виенската конвенција и дали рускиот амбасадор е дел од списокот. Но, не добивме никаков став. Неофицијално, службите за безбедност во своите активности наишле на дејства кои се во судир со националната безбедност на државата, вклучувајќи контакти со одредени структури, обработка на податоци и организирање и мотивирање на субјекти од различни активности, вклучително и политички. Во случај руската страна да одбие да ја признае одлуката на МНР, Скопје ќе има право да не ги признава овие лица како дел од дипломатската мисија на Русија. Пред една година, на 18 мај, С. Македонија протера руски дипломат од истите причини, а потоа и уште еден во август. /Алсат.мк

Адријан Керими

Прикажи повеќе