Бугарија ќе мора да изгради доверба со своите европски партнери за да влезе во Шенген зоната. Ова го изјави бугарскиот премиер Кирил Петков по средбата со неговиот холандски колега Марк Руте, јави БГНЕС.

Според него, Бугарија номинално ги исполнила условите за влез во Шенген зоната, но не ефективно. Петков додаде дека мора навистина да го запрат шверцот и да ја подобрат граничната контрола.

„Не ни веруваат затоа што се покажа со текот на годините дека сме лажеле за многу работи што ги ветивме. Сега треба да изградиме и да покажеме доверба. Новата бугарска влада ќе покаже дека го прави она што го ветува“, рече Петков.

Бугарскиот премиер втор ден е во Брисел каде присуствува на самитот на европските лидери посветен на кризата со Украина. Подоцна ќе заминена безбедносната конференција во Минхен.

Прикажи повеќе