По широката петиција против учеството на актерката Амбер Херд во вториот дел на „Аквамен“, продуцентите на филмот одлучија таа да учествува за помалку од 10 минути во филмот, пишува британски „Дејли мејл“.

Во првиот дел, 36-годишната Херд ја играше принцезата Мери – хероината во која е вљубен Аквамен (кој пак го игра Џејсон Момоа).

Одлуката продуцентите ја донеле по петицијата да бидат отстранети од актерската екипа, која досега има собрано повеќе од 3 милиони потписи, вели филмската критичарка Грејс Рендолф.

Во средината на април беше поднесена тужба за клевета меѓу Џони Деп и неговата поранешна сопруга, актерката Амбер Херд, поднесена од светски познатиот актер.

Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ ја обвинува својата поранешна сопруга дека „лажно го прикажувала како домашен насилник“ во напис објавен во Вашингтон пост во 2018 година.