Перо Блажевски повеќе не е тренер на МЗТ Скопје 2. Тимот кој минатата година блескаше и успеа да избори опстанок во „елитата“ .

МЗТ Скопје 2 по девет одиграни кола забележа само една победа, онаа против Ангели во второто коло, а со серијата од седум порази во низа сериозно се загрози опстанокот во прволигашката кошарка.

„Штркчињата“ заостануваат една победа од десеттопласираниот Куманово и три од Еуро Никел, Феникс 2010 и Кожув.