Фудбалскиот клуб Реал Мадрид напорно работи на засилувања пред сезоната 2023/24. Иако тимот се бори за трофеи во Лигата на шампионите и во Копа дел Реј, Флорентино Перез и неговите соработници работат на потенцијални засилувања.

Прв на списокот и понатаму е Џуд Белингем и се чини дека aнгличанецот има желба да се пресели во Мадрид. Реал сака да ги искористи добрите односи со Борусија Дортмунд, но цената секако е превисока – 150 милиони евра.

Реал најверојатно ќе понуди 100 со бонуси и ќе го чека одговорот на Борусија. Додека ги чека „милионерите“, Перез веќе преговара со дру играч, талентираниот Габи Веига. 20. годишникот игра за Селта, за него се интересираат неколку големи европски клубови, но Реал го има главниот збор. Мадриѓаните се подготвени да платат околу 50 милиони евра за неговиот трансфер, со клубот би се обезбедил за во иднина, заедно со Камавинга, Валверде и Чуамени.

Секако, се очекува Лука Модриќ и Тони Крос да играат уште една сезона, а Белингем и Веига да бидат замените. Тој пакет ќе чини близу 200 милиони евра, но Перез смета дека се работи за вистинска инвестиција. Веига има 20 години, Белингем 19, Камавинга 20, Валверде 24, Чуамени 23…