Кошаркарите на Пелистер го совладаа тимот на Феникс со 86-74 во претпоследниот меч од третото коло во македонската Прва лига. Битолчани лошо почнаа, гостите ја презедоа иницијативата и на пауза заминаа со плус три (48-45).

Сепак, Пелистер во вториот дел се врати во игра и лесно ја обезбеди третата победа по ред, за максимален учинок сезонава со ТФТ и Работнички.Најефикасен играч на натпреварот беше Кларк со 20, а го следеше соиграчот од Феникс Морган со 18 поени.

Во таборот на пелистерци, Хотон собра 14, Стајиќ уфрли 13, додека Ѓуровски и Трајковски мечот го завршија со по 12 поени.

Иста задача ќе има денеска и шампионот МЗТ Скопје на гостувањето кај Еуро Никел од 18 часот во последниот дуел од третото коло.