На само триесет километри од Сао Паоло се наоѓа „Змискиот остров“, познат како Илја да Кеимада Гранде и е остров со најголема концентрација на змии во светот.

Овој остров се наоѓа во близина на „Огнената земја“, на само триесетина километри од Сао Паоло, град во Бразил, пренесува Слободна Далмација.

Овој остров, кој е помалку од квадратен километар, е дом на околу 4.000 најсмртоносните змии во светот, што е најголема концентрација на овие влекачи на едно место.

Постојат бројни легенди за ова злобно место кои со право се нарекуваат „пекол на земјата“. Единствена трага од човечко постоење на островот е светилникот од почетокот на минатиот век. Чуварот на светилникот кратко време живеел на островот со семејството, се до моментот кога на најлош можен начин ја открил страшната вистина по која островот подоцна станал познат. Во средината на ноќта неколку змии влегле во неговиот дом низ отворени прозорци и го каснале целото семејство …

Од каде толку змии на толку мало место?

„Отровното семејство“ останало заробено на островот по покачувањето на нивото на водата што го одвои морето од копното. Бидејќи немале природни непријатели на островот, тие масовно се множеле.

Смртоносниот вид што живее на островот локално се нарекува „Ilha de Queimada Grande“ и е одговорен за околу деведесет проценти од смртните случаи од каснување во Бразил.

Без соодветен противотров, лицето умира од каснувањето за само неколку минути.

Првите симптоми се откажување на бубрезите, крварење во мозокот, крварење во цревата и некроза на мускулното ткиво. Засега не е забележан случај некој да преживеал доволно долго за да стигне до болница.

– Со овие змии е крајно болна смрт. Луѓето умираат од врескање – објасни биологот Брајан Фрај, еден од ретките истражувачи кои беа доволно храбри да го посетат ова место.

Бразилската влада со декрет го забрани патувањето на островот, со единствен исклучок се специјалните дозволи за научници и истражувачки тимови, кои мора да носат заштитни одела и мора да вклучуваат лекари во тимот.

Според извештаите на медиумите, постои и црн пазар за тури кои водат до островот за да се набават „златни змии“. Цената на една змија наводно е меѓу десет и триесет илјади долари.

Иако отровот на споменатиот вид убива, парадоксално, има и лековити својства. Отровот на златната змија покажа фармацевтски потенцијал во претходните тестови и се користи во производството на лекови за намалување на крвниот притисок. Тоа е една од причините зошто на островот е забрането да се убиваат змии.

Според урбаната легенда, змиите биле донесени на островот од пирати кои таму го закопале своето богатство. Змиите брзо се намножиле, па самите пирати не можеле да стигнат до своето богатство наскоро.