Еден ден пред свеченото отворањето на Зимските олимписки игри во Пекинг, организаторите објавија дека има 55 учесници се коронавирус.

Според Организацискиот Одбор на Зимските Олимписки Игри ,,Пекинг 2022“, откриени се 29 нови случаеви, поради што бројот на заразени стигна до 55. Еден од нив е Симен Хегстад ​​Кругер. Норвежанецот нема да може да ја одбрани олимписката титула во скиатлон во 2018 година, поради инфекција, соопшти Норвешката Скијачка Федерација. Тој беше еден од фаворитите за победа на трката следната недела.

Вкупниот број на случаи на коронавирус се зголеми на 287 од 23 јануари.

Прикажи повеќе