Папата Франциск, кој денеска пристигна во дводневна посета на Малта, рече оти размислува за патување во главниот град на Украина, Киев, пренесе Ројтерс.

За време на авионскиот лет од Рим до Малта, запрашан од новинар дали ќе ја разгледа поканата на украинските политички и верски власти, тој одговорил потврдно, без да даде други детали за можната посета.

Како што пренесе Ројтерс, папата Франциск беше поканет од украинскиот претседател Володимир Зеленски, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, мајорот архиепископ Свјатослав Шевчук од украинската католичка црква од византиски обред и украинскиот амбасадор во Ватикан, Андриј Јураш.

Руската инвазија врз Украина, која Русија ја нарекува „специјална воена операција“ за демилитаризација на Украина, папата ја нарече „неоправдана агресија“ и ги осуди „злосторствата“.

Прикажи повеќе