Во ексклузивното интеврју за „Кориере дело Спорт“, македонскиот прославен фудбалер Горан Пандев се отвори на многу интересни теми и направи едно ретроспектива на својата играчка кариера, на која и официјално ќе стави крај наредниот јуни.

Пандев вели дека веќе нема враќање назад и ќе стави крај на кариерата по завршувањето на тековната натпреварувачка сезона во Серија А, од која решил да биде дел само поради враќањето на фановите на трибините.

Популарниот Гоче потенцира дека не сакал да си замине од фудбалот пред празни трибини и тоа е главната причина поради тоа што ќе остане во клупскиот фудбал една година по завршувањето на репрезентативната кариера на Европското првенство.

Покрај веста за официјално заминување во пензија, Пандев говори за големата грешка која ја направил со заминувањето во Галатасарај, а го избра и својот фаворит за титулата во Серија А.

Во Лацио минав пет и пол години и во тоа време бев најдобар, тие години беа моите најдобри. Летав со Делио Роси на теренот, жалам за тоа како се испадна на крајот. Раскинувањето со Лотито беше лошо, но секогаш ќе му бидам благодарен на клубот што ми даде шанса. Останав и оваа сезона во фудбалот поради навивачите. Ќе беше лошо да си отидам пред празни трибини, навивачите на Џенова ме поддржуваат од првиот момент и мора да им се заблагодарам како што доликува. Моја грешка беше тоа што го напуштив Наполи и заминав во Галатасарај. Со промената на Мацари и доаѓањето на Бенитез, сакав да играм повеќе и заминав во Галатасарај. Тоа беше грешка, среќа што навреме се вратив во Италија, а тоа се случи благодарение на Џенова. Сакам Наполи да го освои Скудетото оваа сезона. Клубот има потенцијал, тимот исто така, а тука се и тренерот и цела потребна околина. Навистина посакувам Наполи да го освои Скудетото, – завршува Пандев.