После повредата на Мајк Мањан, Милан експресно реагираше и донесе нов голман.

Италијанскиот гигант денес го потврди доаѓањето на Антонио Миранте, кој потпиша договор до крајот на сезоната.

Миранте доаѓа како слободен агент и беше без клуб откако летово му заврши договорот со Рома.

Мањан денес беше опериран и ќе биде надвор од терените до јануари.