Пред неколку дена Реал Мадрид во најдобар можен стил се пласираше во финалето на Купот на кралот каде ќе игра против Осасуна. Со победата од 4:0 над Барселона на „Камп Ноу“ ја надополни негативата од 0:1 на „Бернабеу“.

Advertisements

Шпанска “Марка” пишува за тоа како со едноставен, но јасен и ефективен говор Карло Анчелоти успеал да го мотивира тимот да го одигра натпреварот на сезоната.

„Тие не беа подобри од нас ниту на првиот меч на Бернабеу ниту на првенствениот натпревар овде (во Барселона). Не заслуживме да загубиме и ќе покажете го тоа сега“, се зборовите на искусниот стратег.

Тој успеа да „испровоцира“ одлична партија на Бензема, што пак е најголемата победа на Анчелоти која може да се покаже како клучна во нападот на новата Лига на шампиони, пишува „Марка“./Sportmedia/mk/

Прикажи повеќе