Британски Daily Mail ги објави деталите од писмото што сојузниот министер за здравство на Австралија го испрати до Тениската асоцијација и организаторите на Австралија опен.

Во електронската пошта се наведува дека доколку тенисерот има прележано коронавирус, тоа не е доволно за лекарско ослободување.

Британците наведуваат дека тоа е главниот проблем зошто Ѓоковиќ не можел да влезе во Австралија.

Во ноември министерот Грег Хант испратил е-пошта до извршниот директор на Австралија опен, Крег Тејли, предупредувајќи го на овој детаљ.

„Пограничните сили на Австралија ги советуваат луѓето да бидат целосно вакцинирани, како што е препорачано од АТАГИ (Националната управа за вакцини) за да можат слободно и без карантин да влезат во земјата. Што се однесува до вашето конкретно прашање, можам да потврдам дека луѓето кои имале корона во изминатите шест месеци и сакаат да дојдат во Австралија од други континенти, но не примиле две дози од вакцина одобрена во нашата земја, нема да се сметаат за целосно вакцинирани“, предупредил Хант уште пред два месеца.

Така, Австралија опен имаше време да го предупреди Ѓоковиќ и другите тенисери кои се одлучија на картата лекарско ослободување.

„Крег Тајли не го направил тоа и тој е директен виновник за сѐ што сега му се случува на Ѓоковиќ“, пишува Daily Mail.

Тие велат дека Ѓоковиќ бил убеден дека потврдата дека имал корона во изминатите шест месеци ќе биде доволна за да влезе во Австралија без вакцина.

Тоа не се случи и сега е во карантин и му се заканува депортација.