На Клиниката за Ендокринологија се отвори нов Ендокринолошки дијагностички центар, кој овозможува интегрирана, сеопфатна дијагностика на пациентите со ендокринолошки заболувања.

Во овој Центар има три кабинети за ултрасонографска дијагностика на патолошки промени на тироидната жлезда, но и на други ендокринолошки жлезди. Отворен е и кабинет за тенкоиглена биопсија на промени на тироидната жлезда водена под ултразвук, како и кабинет за колор-доплер преглед на циркулацијата кај пациентите со дијабетес. Во Центарот има и консултативен кабинет за дебелина.

На овој начи се овозможува порана и подобра дијагностика на проблемот на дијабетично стапало, рана дијагноза и превенција на ампутации.

Им честитам на моите колеги од ЈЗУ УК за Ендокринологија, на директорката д-р Саша Јовановска Мишевска, за заложбите и посветеноста во подобрување на здравствните услови на овие пацинети. Ја препознавме итноста и вложуваме максимални напори за унапредување на здравјето на лицата со дијабет и им обезбедуваме современ пристап на лекување, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.