Полицијата на Манчестер отвори истрага против крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд.

„Мирор“ јавува за започната полициска истрага откако девојката на фудбалерот, Хариет Робсон го обвини за насилство објавувајќи сторија со фотографија од тепањето. Робсон објави и аудио како е принудена на секс.

Полицијата не ги потврди имињата на опфатените со истрагата, но соопшти дека го истражува случајот.

– Полицијата на Манчестер е свесна за сликите и видеата што се споделуваат на социјалните мрежи. Во тек е истрага за утврдување на сите околности, стои во известувањето од надлежните.