Голема полициска акција е во тек во Германија откако непознат напаѓач отворил оган во училиште на северот на земјата.

Локалните медиуми објавија дека станува збор за училиштето „Лојд“ во Бремерхавен. Во нападот едно лице е тешко повредено, а полицијата брзо пристигнала на местото на настанот.

Еден неидентификуван напаѓач е во бегство поради што сè уште трае големата полициска акција во целиот град, но додека другиот веќе уапсен. Според првите информации, осомничениот е вооружен со самострел.

Портпаролката на локалната полиција изјави дека истрагата за инцидентот е во тек.

Прикажи повеќе