Унгарските власти понудиле одржување на мировните преговори во Будимпешта , со цел ситуацијата да се реши и преку учествување на Русија во преговорите.

Advertisements

Ова го соопшти унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во интервју за „Ел Паис“ објавено вчера, а го пренесуваат и руските новински агенции.

„Порано имавме прагматични односи. Од почетокот на војната, премиерот Орбан редовно разговара со Путин. Премиерот понуди Будимпешта да биде домаќин на мировните преговори“, додаде Сијарто.

Тој повтори дека Унгарија нема да биде земјата преку која ќе се пренесува оружје во Украина.

„Не сакаме унгарско-украинската граница да стане место за снабдување со оружје. Нема ниту да испраќаме ниту да дозволиме премин на оружје преку нашата земја“, заклучи Сијарто.

Прикажи повеќе