Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја одби молбата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за снабдување на Украина со оружје и воведување на санкции кон рускиот енергетски сектор.

Орбан во видео порака објавена на социјалните мрежи порача дека барањата на Зеленски не се совпаѓаат со интересите на Унгарија и дека санкциите насочени кон рускиот енергетски сектор би значеле „кочење на унгарската економија и нејзино извесно стопирање во даден момент“.

Тој изјави и дека 85 отсто од гасот и повеќе од 60 отсто од нафтата во Унгарија доаѓаат од Русија и дека блокирајќи ги руските енергенси, Унгарците „ќе ја платат цената на војната“, пренесува Бета.

Зеленски вчера во своето обраќање на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел му се обрати директно на Обран, кој се смета за најблизок соработник на Путин од ЕУ.

Унгарија, која граничи со Украина, одби да ја снабдува оваа држава со оружје и испораките на оружје да одат преку нејзините граници.

Прикажи повеќе