Истражување, објавено во списанието „Eurosurveillance“, а спроведено од истражувачи од Универзитетот Упсала во Шведска, Норвешкиот институт за јавно здравје и Универзитетот во Сиднеј во Австралија, дојде до заклучок дека шведската стратегија за коронавирусот помогнала во ширењето на болеста во другите земји.

– Шведска беше нето извозник на вирусот Сарс Ков-2 во соседните нордиски земји во првата година од пандемијата, изјави денеска Џон Петерсон од Универзитетот во Упсала за шведската ТВ станица СВТ.

Истражувањето откри дека Шведска презела преслаби мерки за да го запре ширењето на вирусот во раните фази на пандемијата, за разлика од другите скандинавски земји, што резултираше со првично голем број инфекции и на крајот доведе до мутација на вирусот, наведуваат истражувачите.

Истражувањето се темели на анализа на примероци од 71 000 пациент, што им овозможи на научниците да го анализираат генетското потекло за ширење на вирусот во нордискиот регион.

Веригите на инфекцијата се формираа во Шведска пред во неколку стотици случаи да ги преминат државните граници.

Нашите резултати покажуваат дека шведската стратегија за порелаксирани мерки имаше влијание врз епидемиолошката состојба во земјата, но и во целиот нордиски регион, наведуваат авторите на студијата.

Истражувањето, меѓутоа, исто така, забележува дека Шведска, како и Данска, е транзитна земја, а дека од заразата особено беше погодена Финска, и покрај строгите ограничувања за патување што важеа таму. Научниците изјавија дека вирусот во Финска го донеле Финците на кои не им бил забранет влезот во Шведска.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.