Во организација на Националната боксерска федерација, а со помош на Агенцијата за млади и спорт и Градот Скопје, годинава се одржува 50. издание на традиционалната боксерска манифестација „Златен Гонг“ 2021.

Ќе учествуваат над 60 боксери од 13 земји, Англија, Ирска, Велс, Молдавија, Украина, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Косово, Албанија, Кина (Хонг Конг) и Бугарија.

Се очекува квалитетен бокс во СЦ „Борис Трајковски“ (мала сала), според програмата четвртфинале во четврток од 16 часот, петок во две сесии – полуфинале од 13 и 18 часот и финале во сабота со почеток од 20 часот, со пренос на МРТВ и Аренаспорт.

Руждија Калач, кој ќе ја води македонската репрезентација составена од седум боксери најави дека боксот има убава перспектива.

-Потребна е многу работа, но ние имаме добри и перспективни боксери, не е формално, морам да истакнам дека АМС го помага боксот, благодарни сме за тоа, тие се симбол на спортот во државата, очекува квалитетни борби, рече Калач.

Последниот победник на „Златен Гонг“ во 2019 година од македонската репрезентација, Јасин Љама изјави дека по настапот на светското првенство во Белград се чувствува подготвен за овој предизвик.

-Ќе направиме се сите од нашата репрезентација и оваа година „Златниот Гонг“ да остане во Македонија, јас сум лично подготвен, а и сите мои колеги во тимот од репрезентацијата, очекувам силна конкуренција и квалитетни борби, изјави Љама.

Според програмата, четвртфиналето е во четврток, СЦ „Борис Трајковски“ мала сала од 16 часот, полуфинале во петок со две сесии, од 13 и 18 часот, финалето е во сабота од 20 часот со пренос на МРТВ и АРЕНАСПОРТ.

Македонија ќе ја претставуваат седум бокесри:

АРДИЈАН ЏЕМАИЛИ 54КГ, ГОРАН ЈАШАРОВСКИ 57 КГ, ЈАСИН ЉАМА 60 КГ (ПОСЛЕДЕН ПОБЕДНИК НА ЗЛАТЕН ГОНГ ВО 2019 ГОДИНА) ДИОН ЛЕНА 63,5 КГ, ФЕРИД ХОЏА 71 КГ, ЛЕО ЈОВАНОВСКИ 75 КГ, АРСИМ ЕТЕМИ 80 КГ.