Канадскиот сноубордер Макс Парот го освои првиот златен медал за Канада на Зимските олимписки игри во Пекинг со победа во дисциплината слоупстајл.

Парот оствари резултат 90,96 (79,86 + 90,96 + 36,56).

На тој начин, 27-годишниот Канаѓанец дојде до својот прв златен олимписки медал откако успеа да го победи ракот по неговото последно појавување на Олимпијадите.

На Канаѓанецот му беше дијагностициран Хоџкиноф лимфом во декември 2018 година, но покажа дека може да се врати по страшната болест и да го пружи најдоброто од себе.