Натпреварот од 18. коло во кошаркарската Евролига меѓу Милано и Алба е одложен поради неколку случаи на коронавирус во редовите на италијанскиот тим, соопшти раководството на натпреварувањето.

Дуелот требаше да се одигра на 29. декември, а ова е втор натпревар во серија на Милано што е одложен.

Претходно беше одложен и дуелот меѓу Жалгирис и Милано, што требаше да се одигра на 22 декември.

Италијанскиот тим побара одложување бидејќи нема на располагање најмалку осум здрави кошаркари, кои би можеле да настапат.