Премиер лигата доцна синоќа потврди дека е откажан натпреварот од 17 коло меѓу Манчестер Јунајтед и Брентфорд.

Причината е коронавирус откако Јунајтед се најде меѓу најпогодените екипи од вирусот, па раководството донесе ваква одлука.

Натпреварот е одложен на барање на Јунајтед, кој не соопштува детали за заболените играчи. Терминот на натпреварот ќе биде дополнително познат.

-Манчестер Јунајтед изразува жалење поради непријатностите кои ги предизвика кон Брентфорд и навивачите на двата клуба, се наведува во соопштението на „Црвените ѓаволи“.

Инаку, ова е втор натпревар кој се одложува во Премеир лигата поради коронавирус откако минатиот викенд беше одложена средбата меѓу Брајтон и Тотенхем.