Поради проблемите со ковид-вирусот УЕФА го одложи натпреварот меѓу Тотенхем и Рен во Конференциската лига, а нема да се игра ниту неделниот натпревар во рамки од Премиер лигата против Брајтон.

– Одборот на Премиер лигата донесе одлука да го одложи натпреварот по насоки од медицинските советници, при што приоритет е здравјето на играчите и персоналот. Мечот ќе биде презакажан во догледно време, стои во соопштението од клубот.

Во тимот на Тотенхем има повеќемина заразени со коронавирусот, а позитивни случаи има и во стручниот штаб.

– Би сакале да им се извиниме на сите во Рен и Брајтон, и на нивните и наши поддржувачи за секоја предизвикана непријатност. Исто така, би сакале да им се заблагодариме на двата клуба за разбирањето во овие тешки времиња, велат од клубот.