Лидерите на Европската унија не ветија брзо членство на Украина во Европската унија. На вториот ден од самитот на лидерите на ЕУ во Версај, Франција, лидерите на ЕУ не го ставија Киев на брзиот пат за членство во ЕУ, како што побара украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека одговорот на ЕУ на понудата на Украина за брзо членство во Унијата е „не“. Преку заедничка изјава, претходно европските лидери ги „пофалија европските аспирации и европскиот избор на Украина“ и истакнаа дека нејзината апликација за членство била испратена „итно“ до Европската комисија за „мислење“ – која е почетна фаза од долг процес кон прогласување на една земја-кандидат и почеток на преговорите за членство.

Украинскиот претседател пред неколку дена изјави дека руската окупација е „клучен момент еднаш засекогаш да се затвори долгата дискусија и да се одлучи за членството на Украина“. Барањето на Украина за членство во ЕУ дојде само неколку дена откако Русија започна целосна инвазија на Украина. /Алсат.мк

Прикажи повеќе