Јакиот имунитет е приоритет, особено во време на пандемија на коронавирус. За да го зајакнете максимално, неопходно е да внесувате доволна количина на витамин Ц, овошје и зеленчук.

Меѓутоа, како што велат нутриционистите, не е секое овошје здраво. Верувале или не, одредени видови можат да го нарушат нашиот имунитет и најдобро би било да го одбегнувате.

Обрнете внимание нареден пат кога ќе влезете во продавница. Добар избор е само овошјето што е сезонско и од поднебјето во кое живееме.

Овошјето што вештачки созревале може да го наруши имунолошкиот систем, а истото важи и за зеленчукот. Последните неколку години, во маркетите и среде декември може да се најдат јагоди, лубеници, но според нутриционистите, голема грешка е да ги јадете во овој период.

Еве за што станува збор и зошто се толку штетни за здравјето:

Ова овошје и зеленчук не созревало по природен пат, на сонце. Вештачкото, забрзано созревање, најчесто е резултат на пестициди и други хемикалии, што никако не би требало да ги внесувате во вашиот систем. За да бидат тие овошки и зеленчуци зрели, со очекуваната боја и мирис, тие се наклукани со хемикалии што им овозможиле да созреат, а потоа да не се расипат додека увозникот ги достави во продавница.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.