Па наместо да ѝ дадете нова шанса на врската (којзнае која по ред), вие се разделувате со многу расправии, лоши чувства и фрустрации.

Астролозите тврдат дека во врската големо влијание има хороскопскиот знак. Па без разлика дали верувате во астрологија, барем од забава може да прочитате дали сте хороскопски компатибилни со партнерот.

Ви ги претставуваме осумте најлоши љубовни парови во зодијакот… Дали сте и вие и вашиот партнер меѓу нив?

Овен и Бик

Бидејќи Овните се тврдоглави, а и Биковите исто така, штом некој ќе застане во место, нема да се помрдне. Биковите постојано ќе сакаат да знаат што мисли партнерот, ќе прашуваат дали ги сака, а ова го нервира Овенот.

Кога ќе стане очигледно дека врската мора да заврши, Овенот ќе посака да исчезне, а Бикот ќе бара објаснување по објаснување.

Бик и Стрелец

Бикот повремено ја цени мирната вечер дома, но Стрелецот секогаш е желен да излезе и да направи нешто возбудливо.

Стрелците уживаат во игрите на умот, а Биковите не се забавуваат многу со тоа.

Бикот едноставно не може да се справи со Стрелецот. Стрелците зад себе имаат многу врски и не ги сфаќаат работите сериозно.

Близнаци и Јарец

Ако сакате рецепт за катастрофа, спојте хороскопски знак кој е познат по љубовта кон забавата и разговорот (Близнаци) со знак кој е познат по тоа што не престанува да работи и сака да го планира секој детаљ од нивниот живот (Јарец).

Јарците не се спонтани и не дозволуваат работите само да се случат. Ова за кратко време ќе почне да ги фрустрира Близнаците.

Рак и Водолија

Ракот сака да седи дома, а Водолијата има слободен дух и сака да шета.

Бидејќи Ракот е независен, може да добие чувство дека Водолијата навистина не им треба; а Ракот треба да знае дека некој е целосно со нив.

Раковите нема да бидат среќни ако Водолиите постојано ги поправаат или им укажуваат на некоја грешка што ја направиле.