Нивната добрина им се гледа во очите и затоа сите ги сакаат.

РИБИ

Рибите се толку чисти и невини. Нивната добрина е неизмерна, имаат толку големо срце што не можат да прават разлика помеѓу блиските и непознатите. Подготвени се да им помогнат на сите, ако имаат начин. Тие имаат неверојатна мотивација за правење добри дела и тоа ги турка напред да им помагаат дури и на оние кои не го заслужуваат тоа. Рибите тоа го прават затоа што веруваат дека секој може да биде добар. Каде и да е потребна хуманитарна помош тие се тука. Ги шират своите раце и своето пожртвувано срце кое ги издвојува од другите знаци.

РАК

Личностите родени во овој хороскопски знак не би можеле да си простат на себеси ако не му помогнат на некого а да се во можност да го сторат тоа. Најмногу се опседнати со правење добрина на блиските за кои се подготвени да се жртвуваат и самите себеси. Толку се грижат за луѓето што понекогаш тоа може и некому да му засмета. Ако не им е потребна помош на никој близок или член од семејството, тие со големо срце ќе поделат рака намирници или било каква помош на непознати загрозени луѓе.

ВОДОЛИЈА

За разлика од знакот Рак, Водолиите повеќе сакаат да даруваат во организации, сметајќи дека на тој начин праведно ќе биде споделена донација на оние на кои им е најпотребна. Малку се рамнодушни спрема поединци од својата околина, но би сториле се за да го променат општеството и да направат неговите институции да се грижат повеќе за сиромашните, старите и болните.