Моделот „Форд Мустанг“ бил најпродаваниот спортски автомобил во светот минатата година, покажува анализата заснована на податоците за регистрација објавени од „С и П Глобал Мобилити“ (S&P Global Mobility).

Според „Мотор1“, Форд успеал да продаде нешто помалку од 70.000 примероци „Мустанг“ ширум светот во 2021 година, иако таа бројка не го вклучува целосно електричниот кросовер „Меч-Е“ (Mach-E).

Генерално, компанијата вели дека САД учествувале со 76 отсто од вкупната продажба на „Мустанг“ во 2021 година.

Пазарите со најголем пораст на побарувачката за „Мустанг“ биле Нов Зеланд (плус 54,3 проценти), Бразил (+ 37,3 проценти) и Јужна Кореја (+ 16,6 проценти).

„Мустангот“ е најпродаваниот спортски автомобил во светот седум години по ред, иако 2022 година може да биде поголем предизвик за овој автомобил.

Во првите три месеци од оваа година, продажбата на „Мустанг“ во САД паднале за 19 отсто, но моделот на Форд сепак ја зазел круната на најпродаван автомобил во земјата со 13.986 примероци.

„Доџ Челенџер“ бил втор со 11.124 возила, следен од „Шевролет Камаро“ со 6.710 продадени возила.

Во меѓувреме, работата на следната генерација на „Мустанг“ продолжува и ќе биде подготвен за моделската 2024 година.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.