Бојата со име Pantone 488 C се смета за најгрдата боја на светот. Стручните лица велат дека оваа боја потсетува на „смрт“, „нечистотија“ и „катран“, но оваа грда нијанса има важна задача – да ги одврати луѓето од пушење.

Pantone 448 C е боја која може да се опише како сиво-темно кафеава.

-Оваа боја ги потсетува луѓето на смрт и нечистотија. Никој немаше позитивни коментари за неа, објасни  за британските медиуми Викторија Пар, која го водела истражувањето.

Истражувањето било нарачано од австралиската влада, која барала најодвратна боја наменета за пакување тутунски производи.