На најновата корона мапа, објавена денеска, Хрватска уште е во црвена боја, а во иста група е и Словенија.

Грција е во црвено – портокаловата зона, а еден регион е во темноцрвената зона. Во остатокот од Европа, ситуацијата е многу подобра. Сигурна дестинација е Франција, која е скоро целосно зелена, а воедно Португалија ниту Италија немаат црвени региони. Шпанија е генерално обоена со зелена боја, освен еден регион што е во црвената зона. Чешка е во портокалова зона, а Германија е црвена.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) секој четврток објавува нова ковид мапа. Ова се однесува за земјите од ЕУ. Македонија не е опфатена. Ги нема и другите земји од регионот, кои не се членки на ЕУ.