Досегашниот фудбалер на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, кој вчера го раскина договорот со „топчиите“ се обрати кон навивачите на лондонскиот клуб.

– Ви благодарам што го направивте Лондон дом за мене и моето семејство во изминатите четири години. Заедно минавме низ подеми и падови и вашата поддршка ми значеше многу. Можноста да освојувам трофеи и честа да бидам капитен на тимот е нешто што засекогаш ќе го чувам во моето срце. Отсекогаш сум бил посветен на Арсенал и 100 отсто фокусиран на тоа да направам сЕ што е во моја моќ за клубот, така што заминувањето без вистинско збогување боли, но тоа е фудбалот. Тажен сум што немав можност да им помогнам на соиграчите во последните неколку недели, но имам само почит кон овој клуб и искрено им посакувам на сите наши момчиња и навивачи најдобро и многу успешни години во иднина! – напиша Обамејанг.

Се очекува 32-годишниот Габонец денеска да биде промовиран во Барселона.