По третиот последователен неуспех на големите натпреварувања, во Норвешка се наметна прашањето дали селектор треба да биде Кристијан Берге. Берге има договор со Норвешката федерација до 2025 година.

Берге е првиот кандидат за клупата на најголемиот клупски проект досега во Норвешка – Колштад.

Федерацијата му постави ултиматум на селекторот, а му даде рок од три недели да одговори – доколку го преземе Колштад, Берге нема да може да продолжи со селекцијата.