Женската ракометна репрезентација на Норвешка ги надиграа Русинките со 34-28 во четвртфиналето на Светското првенство (СП) кое се игра во Шпанија и во полуфиналето ќе се сретнат со домаќинот.

Русија имаше водство само на стартот на мечот од 2-1, по што Норвешка влезе во серија од 4-0 и поведе со 5-2. Норвежанките беа одлични во нападот и одбраната до крајот на првото полувреме, кое им припадна со 19-15.

Во почетните минути од вториот дел следеше пад на концентрацијата кај Норвешка и тоа го искористи Русија, која намали на 20-22.

Норвешка, сепак, се освести во продолжение од средбата и стигна до убедливи осум гола разлика (29-21) со што го реши натпреварот, па така Русинки во завршницата успеаа само да намалат на 28-34.

Најдобра во редовите на Норвешка беше Нора Морк со девет постигнати гола, додека кај Русинките најефикасни беа Михајличенко и Маркова со по четири погодоци.