Селекциите на Норвешка и Франција се пласираа во финалето на женското ракометно првенство кое се игра во Шпанија.

Норвешка вечерва со убедливи 27-21 ја совлада домашната селекција на Шпанија и се пласираше во големото финале.

Норвежанките покажаа дека се главни претенденки за златниот медал. Доминираа во текот на целиот меч иако Шпанија успеваше од време на време да се доближи резултатски.

Нора Мерк со осум голови беше најдобрата ракометарка кај Норвешка, Дале постигна седум. Во составот на Шпанија, Барбоса реализираше пет пати.

Пред овој дуел се одигра многу понеизвесно полуфинале во кое Франција со 23-22 ја совлада Данска.

Данските ракометарки беа подобри во второто полувреме кое го добија со 12-10, но во вториот дел Франција ја крена играта, направи комплетен пресврт и на крајот дојде до победа од еден гол разлика.

Паулета Фопа со четири гола беше најдобра во составот на Франција, за Данска, Хаугстед постигна пет голови.