Норвешка одигра фантастично второ полувреме и со 29-22 ја победи Франција во финалето и стана ракометен светски шампион во женска конкуренција.

Норвешка беше сериозен фаворит во финалето, но Франција одигра неочекувано добро во првиот дел кој го доби со 16-12, во тие моменти многумина се посомневаа во силата на норвежанките.

Но, се дојде на свое место второто полувреме кога Норвешка почна да доминира. Во вторите 30 минути Франција постигна само шест голови, а Норвежанките дури 17, за победа од 29-22.

Најдобра во составот на Новешка беше Реистад со шест голови, по пет постигнаа Дале, Морк и Офтефал. Кај Франција Алисон Пино даде четири гола.

Претходно Данска со убедливи 35-28 ја победи Шпанија во натпреварот за бронзениот медал.