Шпанскиот прволигаш Реал Мадрид со соочува со проблеми со дефанзивната линија, па по Едер Милитао повреден е и Давид Алаба.

Алаба се врати повреден по обврските што ги имаше со Австрија и како што стојат работите сигурно ќе мора да го скокне дуелот со Шахтјор Доњецк во Лигата на шампионите. Со оглед на тоа што во иста ситуација е и Милитао ова ќе донесе главоболки за тренерот Карло Анчолоти кој исто не може да смета ниту на десниот бек Дани Карвахал.

Се очекува Начо и Валјехо да бидат стратери, Васкез да игра десно, додека Марсело или Менди да ја покријат левата бековска позиција.

По дуелот со Шахтјор „кралевите“ се соочуваат со Барселона, па останува да видиме дали дотогаш ќе се подобри ситуацијата особено кога се во прашање централните дефанзивци.