Руски хакери започнале нов напад врз странски лидери, насочени кон платформите на социјалните медиуми со голема кампања за дезинформации, чија цел е да ја легитимизира инвазијата на Украина, соопшти британското Министерство за надворешни работи. Платени оперативци кои работат од фабриката во Санкт Петербург ја користат апликацијата Телеграм за да регрутираат и координираат поддржувачи, кои потоа ги преплавуваат социјалните мрежи со коментари за поддршка на рускиот претседател Владимир Путин и војната во Украина. Лажни сметки – таканаречените „фабрики за тролови“ се пронајдени на осум платформи, меѓу кои Телеграм, Твитер, Фејсбук и ТикТок. Цел на операцијата биле политичарите и јавноста во многу земји, вклучително и Британија, Јужна Африка и Индија.

Advertisements

Прикажи повеќе