Нов вид на коронавирус е откриен во училиште во Баналек, Бретања, Франција, за кој експертите тврдат дека е мутација различна од сите досега познати варијанти на Ковид-19 вирусот.

Новиот сој се разликува од алфа, бета, делта-сојот на коронавирусот, пренесуваат француските агенции.

Досега, според нивните извештаи, со новиот вирус се заразени 24 лица, од кои 18 се студенти, а вирусот првпат се појавил пред еден месец.

Како што се наведува, седум од 12-те паралелки биле затворени поради појавата на вирусот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.