Во Словенија 11 лица починаа од последиците на Ковид-19 во последните 24 часа, а 1.136 или 43 отсто од сите тестирани се новозаразени, објави Националниот институт за јавно здравје.

Advertisements

Влошувањето на епидемиолошката состојба е изразено на неделно ниво бидејќи пред седум дена беа потврдени 2292 нови инфекции, со 37,8 отсто позитивни тестови.

Пополнувањето на болниците со пациенти со Ковид продолжува да се забрзува и се приближува до бројките поставени од епидемиолозите како граница по која ќе треба да се заострат антиепидемиските мерки.

Според новите податоци, на одделенијата за ковид во болниците веќе има 634 пациенти, 31 повеќе од претходниот ден и 158 на одделенијата за интензивна нега, 13 повеќе од вчера.

Словенските медиуми потсетуваат дека епидемиолозите минатата недела ја утврдија зафатеноста на одделенијата за интензивна нега со 160 пациенти како граница кога треба да се воведат ригорозни мерки, вклучително и еден вид карантин, за да се ограничи натамошниот раст на бројот на епидемии.

Прикажи повеќе