Австрискиот тенисер Доминик Тием одново ги разочара своите фанови и ги откажа настапите на уште три турнири. Повредата на раката е причината поради која во новата сезона ќе дебитира дури во март.

„Никогаш не е лесно да се вратиш по седум месеци отсуство. Ќе ги послушам советите на лекарот и по неколку дена одмор повторно ќе почнам да тренирам. Ми треба малку време на теренот пред да се вратам“, изјави австрискиот ас.

Шампионот од УС Опен за 2020 година има добри сеќавања од Индијан Велс, каде ја освои првата Мастерс титула во кариерата, победувјаќи го Роџер Федерер во големото финале.