Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по шести пат го освои АТП мастерс 1000 турнирот во Париз. Тој во финалето му се реваншираше на Русинот, Данил Медведев за поразот на УС опен добивајќи го мечот со пресврт од 2-1, по сетови 4-6, 6-3 и 6-3.

Првиот сет му припадна на Русинот, во вториот на сличен начин возврати првиот рекет во светот. Србинот во последниот сет поведе со 5-2, Русинот успеа да врати еден брејк за 5-3, но веднаш следеше рибрејк со кој го заокружи мечот.

За Ѓоковиќ ова е 37 титула на АТП мастерс 1000 турнирите со што повторно се искачи на првото место пред Рафаел Надал кој има една титула помалку.