Судот под контрола на воената хунта во Мјанмар денеска ја осуди поранешната лидерка Аунг Сан Су Чи на четири години затвор за поттикнување немири и кршење на епидемиолошките мерки наметнати поради пандемијата на коронавирусот.

Advertisements

76-годишната Аунг Сан Су Чи, која беше уапсена од армијата по државниот удар на 1 февруари, е во домашен притвор. Таа тогаш беше обвинета за корупција, бунт и изборна измама.

Прикажи повеќе