Ждрепката во Лигата на шампионите ќе биде повторена откако се случи спорната ситуација со Манчестер јунајтед. Имено при влечењето на Вилјареал, Андреј Аршавин го избра Манчестер јунајтед за противник на шпанскиот клуб.

Сепак, поради тоа што двата тима играа во групната фаза од натпреварувањето невозможно е повторно да се сретнат и топчето со името на „црвените-ѓаволи“ не требаше да се најде во барабанот каде стоеја противниците на Вилјареал.

Подоцна сето ова кумуваше со тоа во првата нокаут фаза да се сретнат ПСЖ и Манчестер јунајтед. УЕФА излезе со официјално соопштение во кое вели дека поради проблеми со софтверот за информации кои биле упатени кон лицата задолжени за ждребот, тој ќе мора да се повтори.

Новиот ждреб за осминафиналето во ЛШ е закажан за во 15 часот.